СПОРТ

Медведев против Ѓоковиќ во финалето на УС Опен

Рускиот тенисер, Данил Медведев, направи изненадување во полуфиналето на УС Опен откако со 3-1 (7-6, 6-1, 6-3 и 3-6) го победи првиот носител, Карлос Алкараз и се пласира во финалето каде ќе игра против Новак Ѓоковиќ. Алкараз беше во страшна форма и важеше за голем фаворит во овој меч, но Русинот уште еднаш покажа дека може да биде брилијантен на УС Опен.

Advertisements

Во вториот сет Медведев беше доминантен, со два освоени брејка дојде до 6-1 и поведе со 2-0. Алкараз одговори со добивање на третиот сет со 6-3. Намали на 2-1 и дојде до надеж дека може да направи пресврт. Но, не беше четвртиот сет го зема Медведев со 6-3 и го доби мечот со 3-1. Русинот во финалето ќе игра против Новак Ѓоковиќ кој претходно со 3-0 беше подобар од Бен Шелтон (6-3, 6-2, 7-6).

Ова ќе биде можност за одмазда на Новак Ѓоковиќ кој од Медведев загуби во финалето на УС Опен во 2021 година. Тогаш србинот бркаше календарски слем, но русинот одигра маестрална партија и победи со 3-0.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button