ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Докторите најавуваа протести за покачување на платите од 30%

Докторите најавуваа протести за покачување на платите од 30%

Одбројувањето почна, доколку во рок од 10 дена не се исполнат барањата на здравствените работници, лекарите ќе ги окупираат улиците. Од независниот синдикат за здравство велат дека ова ќе биде најголемиот протест од 1999 година. Нивните барања се зголемување на платите за 30 отсто на сите здравствени работници и нов колективен договор.

Advertisements

Ироничен е првиот човек на синдикатот кој потенцира дека покачувањето од 30 отсто за здравствените работници од страна на надлежните се смета за астрономско, а тие самите си ги зголемиле платите за 78 отсто.

Синдикалците велат дека голем број здравствени работници земаат плати од 20.700 денари, додека сегашниот колективен договор е најлош откако постои здравствениот систем во земјава. Меѓу другото, бараат да има фаворизиран стаж за сите работници на Брза помош, работниците на рендген и оние од психијатријата.

Ајнур Бафљари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button