ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

По свежото утро, сончево и топло време со температури над 30 степени

По свежото утро, денеска во земјава нè очекува сончево и топло време, објави Управата за метеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Advertisements

Минималните температури во земјава денеска ќе се движат во интервал од 9 до 15 Целзиусови степени, а максималните ќе се искачат од 26 до 33 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Сончево време УХМР најавува и за Скопје. Температурите во главниот град денеска ќе се движат од минимални 11 до максимални 32 степена. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Свежи утра со постепен пораст на дневните температури, според УХМР, се очекуваат и во наредните денови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button