
Ѓоко Зајков се очекува да биде во составот на Македонија на гостувањето кај Малта во рамки на евроквалификациите. Стоперот го најави дуелот со островската селекција, кажа дека денес фаворити постојат само на хартија и мора да се игра внимателно и концентрирано цел натпреварот ако ги сакаме трите бода.
„Малта не е наивен противник и не смее да се потцени, така што со макисмален пристап и одговорност мора да излеземе на терен. Со Италија мечот беше поинаков, затоа што моравме да играме поодбранбено, а ако сакаме да победиме на Малта мора да нападнеме со сите сили. Одиме на секој меч да се надигруваме и ќе видиме како ќе биде резултатот. Наше е да одиграме поофанзивно како што знаеме. Фаворит во денешниот фудбал постои само на хартија. Мора да бидеме внимателни и концентрирани цел меч“, изјави Зајков.
Натпреварот меѓу Малта и Македонија се игра во Ла Валета во вторник од 20:45 часот.