ВЕСТИЗДРАВСТВО

Случајот „Онкологија“ и денеска актуелен во партиските соопштенија

Случајот со Клиниката за онкологија, кој веќе неколку дена е актуелен во јавноста по пишувањата на одредени медиуми, дека се краделе терапии за болни од рак и се продавале на црниот пазар, а на дел од пациентите наместо вистински лекарства им се давал и физиолошки раствор и денеска продолжува да биде дел од партиските пресметки меѓу власта и опозицијата.

Advertisements

Од ВМРО-ДПМНЕ, утрово преку соопштение обвинуваат дека на Онкологија функционирала организирана мафија и оти директорот, министерот за здравство и премиерот Димитар Ковачевски се директно одговорни.

„Невозможно е да се случува кражба на цитостатици од масовни размери на Онкологија, а министерот и Ковачевски да не знаат. 20 милиони евра е акумулираниот долг на Клиниката, а никој не се запрашал зошто? Самиот факт што никој од Онкологија не е во притвор говори дека власта го заташкува случајот“, се вели во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Со СДС и ДУИ, велат од опозициската партија, нема правда ниту за Онкологија, ниту за десетиците други случаи, потребни се промени, за рестарт на системот, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Одговор на овие обвинувања стигна и од седиштето на СДСМ на Бихаќка.

Оттаму велат дека истрагата за грозоморниот случај на Онкологија ја водат надлежни институции и оти ВМРО-ДПМНЕ само ја попречува истата.

„Министерството за внатрешни работи и Обвинителството, за прв пат во 20 години влегоа на Онкологија и започна расчистување. ДПМНЕ падна толку ниско што злоупотребува болни, а со своето делување се обидува да и наштети на целата постапка. Истрагата не смее да бидат предмет на политички манипулации, но толкав е капацитетот на ДПМНЕ. Наместо да ја поздрави истрагата, само попречува, со обиди да ја политизира и да ја меша со непостоечка надлежност“, велат од СДСМ во денешното партиско соопштение.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button