ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МНР: Двајцата македонски државјани се пристигнати од Мароко во Мадрид, во скоро време се очекува нивно враќање дома

Министерството за надворешни работи (МНР) информира дека двајцата македонски државјани кои беа евакуирани во камп во Маракеш веќе се пристигнати во Мадрид.

Advertisements

Двајцата наши државјани се во добра здравствена состојба и во скоро време се очекува нивно упатување кон дома.

Од МНР велат дека изминатите два дена нема нови пријавени наши државјани во Маракеш и додаваат дека нашето Дипломатско-конзуларно претставништво во Каиро продолжува да биде во комуникација со надлежните институции во Мароко, за евентуални други наши државјани во погодените региони.

„Министерството за надворешни работи ги повикува сите државјани на Северна Македонија кои во моментот се наоѓаат во Мароко и имаат потреба од конзуларна асистенција, да се јават на дежурниот телефон на Амбасадата во Каиро +20 103 361 5542 и СОС телефонот на Министерството за надворешни работи 075/ 273- 732“, велат од МНР.

Во земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди Мароко доцна во петокот, Владата објави дека најмалку 2 122 лица загинале, а повеќе од 2 421 се повредени, од кои многумина се во критична состојба.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button