ВЕСТИЗДРАВСТВО

Пациенти кои се лекуваат на Онкологија ќе соработуваат со ОЈО

Тројца пациенти кои се лекуваат од рак ќе го набљудуваат предистражниот процес што се одвива на Клиниката за онкологија во Скопје со цел да се обезбеди транспарентност на постапката. Основното јавно обвинителство на тројцата пациенти ќе им овозможи пристап до списите што ги собирала истражната група. Тие треба однапред да потпишат декларации за да се гарантира тајноста на постапката и личните податоци до кои ќе имаат пристап. Врз основа на барањето на пациентите изнесено на средбата одржана на 7 септември, Обвинителството денеска побара од неформалната организација преку која пациентите ги изнесуваат своите барања да се изберат тројца пациенти кои ќе имаат директен увид во доказите. Линиите се отворени за да се пријават и други дополнителни информации.

Advertisements

„Во текот на денешниот ден телефонски беа контактиран десетина граѓани од надлежен Јавен обвинител кои со своето знаење сакаат да помогнат во постапката. Обвинителството ги охрабрува сите граѓани кои имаат информации за овој случај да ги известат надлежните“, велат од ОЈО.

Додека обвинителството тврди дека се работи со полн капацитет, од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека веќе две недели државните институции не ѝ кажуваат на јавноста ништо за случајот, иако обвинителството има обврска да излезе во јавноста и да сподели сознанија за скандалот.

Од СДСМ пак, повторија дека МВР и Обвинителството за прв пат после 20 години влегле на Онкологија и почнале со расчистување на проблемите. Велат дека ВМРО-ДПМНЕ толку ниско паднала што ги злоупотребува пациентите и со своите постапки се обидува да ѝ наштети на процедурата. Од СДСМ велат дека истрагата не треба да биде предмет на политички манипулации.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button