ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Рот: Сите земји кои сакаат да се вклучат во ЕУ мора да ја продолжат борбата против корупцијата

Сите земји кои сакаат да се вклучат во Европската Унија мора да ја продолжат борбата против корупцијата, изјави денеска претседателот на Комисијата за надворешни работи на германски Бундестаг Михаел Рот,  пред почетокот на Конференцијата „Унапредување на Берлинскиот процес преку парламентарната демократија“, која се одржува во Собранието.

Advertisements

Рот даде одговор на новинарско прашање во врска со експресното усвојување на измените на Кривичниот законик, кое предизвика реакции во јавноста поради намалување на казните за носителите на јавни функции во случаите на злоупотреба на службената должност.

-Ова не е време за уцени едни кон други, има јасни очекувања од ЕУ, бидејќи пред се ние сме Унија на заеднички вредности, на заеднички пазар и сите земји кои сакаат да се вклучат во ЕУ мора да ја породолжат борбата против корупцијата, рече Рот.

Тој истакна дека не сака да навлегува во детали во однос на измените на Кривичниот законик, напомена дека ги чул и гласините во врска со амнестијата, но нагласи дека политичарите во земјава треба да решат за тоа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button