ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Битиќи: Нема да дозволиме нефер практики во трговијата да предизвикуваат штета на потрошувачите

Владата нема да биде нем сведок на нефер или неетички практики во трговијата кои одат директно на штета на семејниот буџет на граѓаните, истакна вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи по денешниот состанок со претседателот на Комисијата за заштита на конкуренцијата Владимир Наумовски.

Advertisements

На состанокот се зборуваше за ценовните движења во малопродажната мрежа на прехранбени продукти и постоењето на можности за присуство на трговски практики кои освен што ја нарушуваат слободната пазарна економија и конкуренцијата, носат и директна штета на граѓаните.

-Постојат реални околности кои укажуваат на вештачко фиксирање на цените на високо ниво како резултат на координирано договарање помеѓу трговците на цените на одредени производи, со што го контролираат и ограничуваат нивното слободно пазарно формирање, а со цел зголемување на нивната добивка. Оваа пракса оди директно на штета на граѓаните и производителите, и ова нема да го дозволиме, изјави вицепремиерот Битиќи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button