МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Со која ЕУ се консултирал Ковачевски за измените во КЗ бидејќи додека тој даваше изјава оттаму изразија загриженост

Со која Европска Унија се консултирал Ковачевски, прашуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение откако денеска премиерот изјави дека сите процеси во државава се на некој начин консултирани со Брисел. Тој ова го изјави коментирајќи ги измените во Кривичниот законик за чие усвојување Европската комисија изрази загриженост, но и жалење поради недоволна консултација со домашната јавност, но и со самата Комисија.

Advertisements

„Со која ЕУ се консултирал Ковачевски? Додека тој даваше изјава, тие ги осудија измените во Кривичниот законик, така и за уставните измени, ВМРО-ДПМНЕ веднаш ги отфрли, попусто се надева. ЕК денес излезе со став дека жалат за недостатокот на сеопфатни консултации на власта со домашните чинители и ЕУ пред усвојувањето на измените, но и за злоупотребата на европското знаменце“, велат од ВМРО-ДПМНЕ во писменото соопштение.

Реакцијата на опозициската партија следува откако претходно денеска премиерот Димитар Ковачевски, прашан за коментар во врска за ставот на Европската комисија во врска со усвојувањето на измените во Кривичниот законик, рече дека сите процеси во земјава се на некој начин исконсултирани со Брисел.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button