ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДКСК да продолжи со истрагата за донациите на ДУИ, прекршување има, но треба да има и одговорност, вели Грковска

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) да продолжи со истрагата за случајот со донациите во ДУИ и да побара одговорност за ненавремените контроли во случајот со задоцнетиот рок за враќање пари од донаторот „Еуровиа“, се очекувањата на вицепремиерката за политика за добро владеење Славица Грковска.

Advertisements

„Очекувам од ДКСК да продолжи и понатаму во насока на нејзините ингеренции и да утврди од кои причини еден месец пред тендерот, парите се вратени, кој треба да ја направи контролата и зошто не била направена, бидејќи има рок во законот кога треба да се вратат парите. Да се утврди, дали како што ДКСК најави, имало тргување со влијание, што е надлежност на ДКСК. Очекувам дека тоа ќе продолжи и во наредниов период, бидејќи овој дел е само тој финансиски момент каде сепак има прекршување и треба да има одговорност“, рече Грковска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button