МАКЕДОНИЈА

Намален водостојот на Преспанското и на Дојранското Езеро

За еден сантиметар е намален водостојот на Преспанското, а за два на Дојранското, додека нивото на Охридското Езеро е исто со вчерашното, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Advertisements

Со тоа, водостојот на Преспанското Езеро е на два сантиметра под апсолутно појавениот минимум и е за 1,84 метри понизок од повеќегодишниот просек за септември. Нивото, пак, на Дојранското Езеро е повисоко од просечното и тоа за 1,82 метра исто како и на Охридското Езеро кое е повисоко за само еден сантиметар.

Големо намалување на водостојот во споредба со вчера има и реката Вардар на мерното место кај Јегуновце каде нивото е повеќе од двојно пониско од вчерашното. Најголемо, пак, зголемување на водостојот речиси двојно во споредба со вчера има реката Струмица на мерното место кај Ново Село.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button