ВЕСТИЗДРАВСТВО

Барањето за основање анкетна комисија за онкологија утре на седница собраниската Комисија за политички систем

Во Собранието утре е закажана седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците со единствена точка на дневен ред Предлог на Одлука за основање на анкетна комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска Клиника за радиотерапија и онкологија.

Advertisements

Формирањето на анкетната комисија е на барање на 20 пратеници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ која достави Предлог-одлука за основање на комисијата до претседателот на Собранието Талат Џафери.

Освен ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, формирањето на ваква анкетна комисија го поддржува и владејачката СДСМ и нивните коалициски партнери, додека пратениците на ДУИ сметаат дека обвинителството и надлежните институции треба да си ја завршат својата работа.

Предлог- одлуката содржи 8 члена и со неа се предвидува основање анкетна комисија за, како што се посочува во документот, „анализа на сите документи во ЈЗУ Универзитетска Клиника за радиотерапија и онкологија со цел утврдување на политичка одговорност на владините и здравствени функционери поврзани со аферата“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button