
Се наоѓаме во деликатна етапа од меѓусебните односи, во која и двете страни се разочарани, рече на денешната прес конференција министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева.
Како што кажа таа, во забелешките на бугарската страна, како резултат на кои не е одобрена преговарачката рамка, се неисполнувањето на обврските од Договорот од 2017 година.
„За тоа ги алармираме нашите соседни најмалку една и пол година. Има неколку работи, ќе ги цитирам најважните: едностраното блокирање и политизирање на работата на комисијата за историски прашања, административни пречки пред бугарските бизниси, неофицијална поддршка лица и организации со претензии за македонско малцинство во Бугарија. За жал, нешто што пречи на бизнисите на двете страни е бавната реализација на Коридорот – 8“, рече Захариева.