ЕКОНОМИЈА

Бесими: Земјите од Западен Балкан да се стават на брзиот пат кон ЕУ

Денеска, на Меѓународниот ден на демократијата, се фокусираме на ЕУ интеграцијата, на итноста земјите од Западен Балкан да се стават на брзиот пат кон ЕУ. Во изминатите две децении се соочивме со многу искушенија кои ја нарушија довербата на дел од јавноста дека европската агенда еден ден ќе стане реалност. Но, најтемниот час е пред зори, а сепак ЕУ и понатаму останува наша стратешка цел, рече министерот за финансии Фатмир Бесими во воведното обраќање на Скопскиот економски и финансиски форум.

Advertisements

Бесими напомена што значи од економски и финансиски аспект да се биде дел од ЕУ, кои се клучните придобивки и перспективи.

-Новите земји членки добиваат многу повеќе кохезивни фондови од она што го имале како кандидати за членство, а кохезивните фондови се двапати поголеми од ИПА фондовите. Буџетот на ЕУ за следните пет години е 11 пати повисок од оној што го имаме како кандидат со ИПА фондовите. Ние можеме да ја донесеме нашата разновидност, петприемништво, истакна Бесими.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button