ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Спасовски за Oнкологија: Важно е предметот да се заврши брзо и квалитетно, а пардон нема да има за никого

За случувањата во Клиниката за онкологија, важно е предметот да се заврши брзо и квалитетно, а пардон нема да има за никого, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервјуто за неделникот „Фокус“.

Advertisements

– Ние направивме прибирање на електронските уреди и се преземаат низа криминалистички мерки и активности сè со цел да се приберат што е можно повеќе докази во овој дел. Морам да напоменам дека се работи многу интензивно на целиот овој случај за да се види што точно се правело и кои се виновниците и учесниците. Важно е поради тоа што секој криминал, па и овој мора да има име и презиме и оние кои директно учествувале ќе мора да носат сериозна одговорност. Така што, интензитетот е голем во делот на истрагата, се преземаат низа на мерки како што напоменав, се прават разговори со одредени лица кои учествувале во ова, кои можат да дадат дополнителни информации и на основа на тоа секако дека ќе ги преземеме следните чекори во овој случај, по насоки на јавниот обвинител, рече министерот Спасовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button