Од следната недела пониски цени за околу 50 производи

Граѓани од тоа што слушнале знаат дека цените на прехранбените производи ќе се намалат за 10%, но тоа не игра улога затоа што со актуелните трошоци за живот, тие воопшто не го чувствуваат намалувањето. Граѓанин со минимална плата од 328 евра во Македонија плаќа 46% повеќе за основни прехранбени производи отколку кога почна економската криза. Во исто време, жител во Германија со минимална плата од 2.000 евра плаќа само 11% повеќе за основни прехранбени производи. Зошто ние плаќаме 35% повеќе отколку во ЕУ?
Властите на ова прашање се обидуваат да одговорат со ново замрзнување на цените. Но, високите трошоци за живот значи дека повеќето наши граѓани го трошат целиот семеен буџет за опстанок. Премиерот Ковачевски најави дека референтен датум треба да биде 1 август.
Но, министерот за економија Крешник Бектеши вчера изјави дека ќе се определи датуми во јули кога цените беа пониски.
„Намалувањето на тие производи треба да биде минимум 10% од цената што беше порано во претходните месеци, ќе биде или во јули или во август, но најверојатно ќе биде еден од датумите во месец јули“, рече Бектеши.
Цените на околу 50 прехранбени производи од следната среда ќе се намалат за 10 отсто и ќе се замрнзат според референтниот датум од летните месеци.
Аднан Ќаили