

Алсат
27.06.2020 18:05
Според медиумите во Италија, Лацио е близу до затворање на договорот вреден 30 милиони евра, за потписот на дефанзивецот на Верона, Мараш Кумбула. „Кориере дело Спорт“ пренесува дека Лацио се согласил да плати 27 – 28 милиони евра за 20 – годишниот играч, иако во договорот може да вклучат и двајца играчи, Риза Дурмиши и Кристијано Ломбарди. Албанскиот репрезентативец се очекува да потпише петгодишен договор со Лацио и ќе заработува 1,5 милиони евра по сезона. Инаку, Мараш Кумбула, во случај на трансфер, треба да го замени Стефан Раду.