ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Стоилковски: Пендаровски да каже кој од него барал амнестија за Груевски

Претседателот Стево Пендаровски мора да одговори кој тоа барал од него амнестија, изјави портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, откако во интевју за емисијата „Трилинг“, Пендаровски откри дека пред неколку месеци од „некои актери на политичката сцена“ бил консултиран околу можноста за амнестија на поранешниот премиер Никола Груевски.

Advertisements

„Пендаровски веќе денеска мора да одговори кој тоа барал од него амнестија? Пендаровски вели дека бил, цитирам ‘консултиран од некои актери на политичката сцена’ за амнестија, па затоа сега мора да биде прецизен и јасен, да наведе кој тоа од политиката го консултирал Пендаровски пред неколку месеци за амнестија“, рече Стоилковски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button