Николовски: ВМРО се сомнева дека се физички следени

Опозицијата се сомнева дека политичарите од ВМРО-ДПМНЕ нелегално се следени. Сомнежот го сподели потретседателот на партијата Александар Николовски, по одржаната собраниска Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање.
Според Николовски, на седницата се зборувало дали нелегално се следат комуникации во земјава и дали кај нас се произведува нелегален софтвер за следење комуникации. По расправата, опозицијата тврди дека не е уверена дека нема нелегално следење кај нас. Сепак, не сподели повеќе детали, зашто извештаите на двете агенции биле класифицирани со државна тајна.
„Не добивме кредибилен демант дека во Македонија не се случува следење на граѓаните со т.н. малициозен софтвер, односно напредни софтвери коишто буквално влегуваат во домот. Она што исто така можам да го кажам е дека кај нас како најголема политичка партија во Македонија постои сериозно сомневање дека сме под контролирано физичко следење“, рече Николовски.