ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Новинарите не беа поканети на промоцијата на најуспешните компании

За политичарите безбедно, за новинарите не. На промоцијата и наградувањето на 100 најуспешни компании во земјата новинарите не беа поканети. Обраќањата на функционерите, и наградените компании медиумите можеа да ги следат на youtube каналот преку директен пренос, без притоа да можат онлајн да се вклучат и да постават прашања. Од Северозападна велат сакале да го заштитат здравјето на новинарите, иако признаваат дека концептот бил дефиниран и пред пандемијата.

Advertisements

„Не е пропуст чисто е заради пандемијата не сакавме да ги ставаме во ризик медиумите бидејќи просторот е толкав не дозволува присуство на повеќе камери. Концептот на настанот е така дефиниран пред пандемијата, ние за следната година ќе се обидеме ова да го адресираме“, рече Дрилон Исени-  Стопанска комора на Северозападна Македонија.

На настанот присуствуваа премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер Артан Груби, министрите за економија и финансии, Крешник Бектеши и Фатмир Бесими, претседателот на Собранието Талат Џафери, како и претставници од Стопанските комори во земјава. Пораките испратени од премиерот Заев и министрот за финансии Бесими, е да се продолжи инвестирањето во време на криза, бидејќи државата ќе стои зад нив и ќе им помогне. По завршување на настанот сите функционери набрзина ја напуштија салата избегнувајќи ја камерата на Алсат.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button