СПОРТФУДБАЛ

УЕФА: Нема да има мечеви кои ќе траат по 110 минути

Во очи на почетокот на групната фаза од Лигата на шампионите, судиите кои ќе ги судат мечевиве во текот на оваа сезона во европските клупски натпреварувања добиле јасна наредба да не „полудуваат“ со додаденото време на крајот на првото и на крајот на второто полувреме.

Advertisements

Од судиските комисии на УЕФА тврдат дека во ЛШ нема да има мечеви кои ќе траат по 110 минути, или со дополнувања од 10 или 12 минути во секое од полувремињата.

„Добиената наредба е јасна: Нема казнување на фудбалерите со прекумерно дополнително време“.

Во УЕФА веруваат дека судиите имаат доволно ресурси да спречат да се изгуби толку многу време. Нема да забрани славењето голови, ниту пак да додава минута за секој постигнат гол. Судиите ќе посветат посебно внимание да се отклонат симулациите, а добиле препораки и да не разговараат толку со играчите, да не даваат непотребни објаснувања.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button