ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Владата донесе одлука за замрзнување на цените на прехранбените производи

Владата донесе одлука за замрзнување на цените на повеќе од 50 прехранбени производи. Утре стапува на сила мерката со која трговците ќе треба да ги залепат етикетите „Гарантирана цена“. Замрзнувањето ќе биде за 10% поевтино, земајќи ја предвид референтната цена од 1 август, која има за цел да ги заштити потрошувачите од манипулација на трговците со превисоки цени. До 30 ноември на секое продажно место во земјава граѓаните ќе можат да купуваат млечни производи, пченични производи, месни производи и овошје и зеленчук поевтино за 10 отсто.

Advertisements

Од минатиот петок се спроведува и одлуката за забрана на акциската продажба, но денес таа одлука е коригирана, и се овозможува со пониски цени да се продаваат производи пред истекот на рокот.

Министерот Бектеши ги повикува сите производители и трговци кои нема да бидат опфатени со владината мерка доброволно да се вклучат во акцијата за намалување на цените. За оние кои ќе манипулираат со ова етикета, најавени се строги контроли и казни.

Оваа мерка доаѓа по огромно зголемување на цените на храната а новите антикризни мерки треба да го намалат негативното влијание врз најсиромашните граѓани.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button