ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Осум лица уапсени во полициската акција во Арачиново

Осуммина се приведени по полициската акција во Арачиново за украдената легална марихуана. Тие се осомничени за кривичното дело „разбојништво“.  Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска откри дека истрагата е проширена, а акцијата во Арачиново била обемна и сложена. Сепак, Спасовски не сакаше да открие повеќе детали.

Advertisements

„Во тек е истрагата и работиме на ова. Значи не можеме преку медиуми да ја водиме истрагата, ве молам. Оставете да завршат колегите и кога ќе ги имаме сите податоци да ги споделиме, тоа да го направиме. Не треба да ја наштетиме истрагата во овој период, мислам дека нема да ја постигнеме целта. Целта ни е да завршиме истрагата да се обезбедат доказите, тие што се одговорни да сносат одговорност. Затоа да бидеме внимателни и трпеливи“, рече министерот Спасовски.

Полицијата денеска не откри ниту колку марихуана е пронајдена во Арачиново. Инаку во петокот наутро во валандовското селото Јосифово од склад на фирма за производство беа украдени близу два тона цвет од марихуана натоварена во камион.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button