СПОРТФУДБАЛ

Добрите резултати донесоа подем од две позиции на новата ФИФА ранг-листа

Фудбалската репрезентација на Македонија по одличниот септемвриски прозорец, ремито со Италија и победата над Малта, напредува на новата ФИФА ранг-листа. На најновото рангирање Македонија е на 66. позиција, пред селекциите на Исланд и Црна Гора, а зад Јужна Африка и Конго. Добрите резултати донесоа подем од две позиции, бидејќи на последното рангирање во јули, Македонија беше 68 светска сила.

Advertisements

Следите предизвици на „рисовите“ се во октомври, во клучниот дуел со Украинците во Прага и пријателска средба со Азербејџан.

На врвот на ФИФА ранкингот немаше промени. Прва е Аргентина, пред Франција, Бразил, Англија, Белгија, Хрватска и Холандија, Португалија напредува на осмото место на сметка на Италија, а топ десет ги заокружува Шпанија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button