Тетовската библиотека ќе се сели во нови простории

Министерството за култура се откажа од итно иселување на тетовската тетовската библиотека во просториите на поранешниот Факултет за музичка уметност. Комисија утврдила дека прво треба да се реновираат и да се прилагодат просторите каде што се планира да биде складиран книжниот фонд, а за потребите на установата ќе има околу 80 квадрати дополнителен простор.
„Беа делегација од министерството, претставникот за библиотеки и инвестиции и по подолг состанок ги проверивме просториите каде што сакаат да нè префрлат и видовме каква е ситуацијата. Се договоривме овие простории каде што треба да одиме да бидат реновирани и прилагодени за библиотека, а министерството се обврза да ги направи овие простории употребливи за библиотека. Ни беше ветено дека покрај ова ќе имаме и дополнителни простории кои отсекогаш сме ги барале“, вели Махи Муртезани. Библиотека- Тетово.
Ова го потврди и министерката за култура. Но, таа ја обвини директорката на Тетовската библиотека дека се води според политички агенди.
По оваа одлука на Министерството за култура, тетовската библиотека ќе прифати да се премести во новите простории. Во објектот каде што досега беше библиотеката ќе се отвори канцеларија на Европската комисија.
Башким Сулејмани