
Во пресрет на 85-годишнината од формирањето, фармацевтската компанија Алкалоид лансираше нови производствени погони во вредност од 11 милиони евра. Инвестициите биле наменети за технолошка подготовка на Одделението за пакување на цврсти форми, за опрема, за изградба на два нови капацитети и придружен простор. Целта е да се зголеми производствениот капацитет на цврсти фармацевтски форми за 50%. Со оваа инвестиција се отвора можност за повеќе од 200 нови вработувања.