Индија се враќа во календарот на Формула 1?

После една деценија трка во Формула 1 повторно ќе се вози во Индија и тоа од 2025 година. Веста е најавена од „Индија Тудеј“, откако почнале преговорите за влез на патеката крај Њу Делхи во календарот на Формула 1.
Индија беше домаќин на три трки во Ф1, почнувајќи од 2011 година и на сите победи четирикратниот светски првак Себастијан Фетел, но потоа трката беше исфрлена од календарот поради даночните спорови помеѓу ФИА и управата на регионот Утар Паредеш, недалеку од Њу Делхи, каде се наоѓа патеката „Буд“.
Индија во моментов е домаќин на трки во Мото ГП, има седумгодишен договор за да се натпреваруваат најдобрите мотоциклисти, а минатиот викенд Марко Бацеки победи на гранприто, а посетата на трката беше извонреда. Па токму фактот што Индија е втора најмногубројна земја на светот зад Кина е адут според кој многу брзо може да се постигне договор за кам-бек во Ф1.
Низа индиски официјални лица, меѓу кои и Арун Вир Синг, директорот на управатаза индустриски развој на брзи патишта „Јамуна“ потврдил дека се почнати преговорите и дека наскоро ќе следат официјални разговори со организаторите./SPort1.mk/