ВМРО бара оставки во Агенцијата за храна и ветеринарство

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека во јогуртот со протеини од Србија и млекото од една млекарница од Македонија има амфлатоксин над дозволената граница. Цветан Трипуновски, претседател на Комисијата за земјоделство во ВМРО-ДПМНЕ, презентираше документи за нискоквалитетно млеко и млечни производи кои завршуваат на домашниот пазар.
Трипуновски и вчера обвини дека кај 20 тони млеко увезено од Србија кое е веќе пуштено во употреба кај нас бил откриен М1 амфлатоксин над максимално дозволеното ниво. Тој алармираше дека ваквото млеко е штетно да се пие и може да предизвика труење и други здравствени компликации кај граѓаните.
Но, од Агенцијата за храна и ветеринарство одговорија дека тврдењата на Трипуновски се неосновани, шират паника и ги доведуваат граѓаните во заблуда. Од Агенцијата велат дека при увозот на млеко од Србија во Босна и Херцеговина, се земаат мостри на граничните премини, односно испораките не се пуштаат во оптек додека не се добие задоволителен резултат од тестот. Од Агенцијата, исто така, соопштија дека спорното млеко било вратено во Србија во согласност со процедурите утврдени со закон.
Сепак, од ВМРО бараат оставка од директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски. Во меѓувреме, министерот за економија Крешник Бектеши за случајот рече дека граѓаните треба да им веруваат на институциите, а не на изјавите на политичари.
Мелихате Рустеми