ЕКОНОМИЈА

Граѓаните заминуваат во странство поради погрешната политика и економија

Економистот Висар Адеми оценува дека две од главните причини поради кои граѓаните се одлучуваат да ја напуштат земјава и да емигрираат се екстремната политизација на општеството и лошиот модел на економија што се спроведува од осамостојувањето до сега.

Advertisements

„Што се однесува до политизацијата, ако земеме човек кој е млад и сака да се вработи за да направи кариера во Македонија и не сака да се занимава со политика, овој човек е нападнат или да речеме има големи пречки и од политичките партии во позиција и опозиција. За да може да најде работа и да остане во Македонија, тој е принуден да биде член на политичка партија. Исто така ако еден млад човек влезе во политичка партија и е еден од најистакнатите студенти по информатика и доколку доаѓа од Сарај, партијата што е на власт можеби тоа место за работа му го дала на огранокот во Гостивар, а тој веднаш отпаѓа. Ти може да си вистинскиот човек, но само затоа што е направена поделба со друг регион, твојата кариера е изгорена. Вториот модел е економскиот модел. Моделот не го засновавме на човечкиот капитал во приватниот сектор, туку на вработувања во јавната администрација“, вели Висар Адеми, економист.

Според Адеми, загрижувачки е и фактот што училиштата се празнат. Според него, станува збор за иселување после кое Македонија им останува само како место за туризам.

„Тоа покажува дека луѓето сосема ја изгубија вербата и изгубија надеж дека нешто ќе се смени на подобро. Ова е миграција, ова веќе не е имиграција. Тие веќе имаат свое место на живеење таму каде што им е економијата, каде што работат, а на Македонија гледаат само како на летна или зимска дестинација“, додава Адеми.

Адеми вели дека државата не успеала да ги задржи ни лекарите да работат во Македонија.

„Знаете како е? Ќе ви објаснам со аналогија на фудбалот. Цело време тренирате мало дете во академија, имате трошоци и во моментот кога сакате да го ставите во првиот тим за да биде продуктивен за вашиот тим, тој заминува. Сите општествени трошоци се наши, на народот, а потоа Германија ги користи како готов производ. Што треба да направиме? Мораме да го направиме тоа што кажав. Да го зајакнеме средното стручно образование, да создадеме луѓе со силни вештини, имаме доволно економисти, правници, јавна администрација. Машински инженери, електротехнички инженери, тоа што го бара економијата. Ќе мора да го прекинеме моделот на вработување во јавната администрација. Стоп! Мора да го јакнеме приватниот сектор“, додава Адеми.

Адеми вели дека владините мерки за замрзнување и одмрзнување на цените можат да дадат само краткорочен ефект, но не и да ја ублажат економската криза на подолг рок.

Шкелзен Аќифи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button