ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Спасовски: Законот за амнестија не го решава проблемот со затворите

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, останува на ставот дека со предлог-законот за амнестија не се решава проблемот со затворите, поточно нивно депопулирање и создавање подобри услови. Прашан дали е ова негов став или став на партијата, Спасовски рече дека тоа е личен став, додека субјектот на кој му припаѓа ставот ќе го каже во текот на постапката во Собранието, доколку законот му биде предложен на законодавецот.