
Напаѓачот на Баерн, Томас Милер, сака да го напушти тимот, пренесува „Кикер“. Тој е незадоволен од својата позиција во клубот. Искусниот Германец не е стартер во составот, со оглед дека Томас Тухел не го гледа напаѓачот како прв избор.
Дури и меѓу резервите негов приоритет се Матис Тел и Ерик Чупо-Мотинг. Томас Милер не верува дека неговата ситуација ќе се промени под водство на сегашниот тренер. Затоа, 34-годишниот напаѓач потенцирал дека следното лето ќе го напушти Баерн Минхен.