Организаторите потврдија: “Австралија Опен” ќе трае подолго

Од Мелбурн пристигнаа информации дека првиот Грен слем турнир во календарот, “Aвстралија Опен” ќе стартува во недела, што ќе им остави повеќе простор на организаторите да го надополнат распоредот и да ги пополнат евентуалните прекини и доцнења.
Отвореното првенство на Австралија се повикува на фактите, кои покажуваат дека мечевите траат подолго од претходно, како и дека е одговорено на сугестиите и приговорите на самите тенисери.
„Слушавме што имаат да кажат играчите и навивачите и задоволни сме што можеме да понудиме решение за доцните завршувања на мечевите и подобар дневен распоред“, рече директорот на турнирот Крег Тили.
Тој истакна дека бројот на мечеви на трите најголеми стадиони ќе се зголеми од 47 на 52. Турнирот започнува на 14, а финалето е на 28 јануари 2024 година.
Австралија опен не е првиот Грен слем турнир во кој се воведува оваа практика, организаторите на Ролан Гарос решија да го направат исгтото многу порано.