МАКЕДОНИЈА

Судење за „Меѓународен сојуз”: Се анализара телефонска комуникација на Бојан Јовановски

Со изведување на материјални докази – анализа на телефонска комуникација денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за незаконското финансирање на невладината организација
„Меѓународен сојуз”, каде заедно со основачот Бојан Јовановски, обвинети се уште четири лица.

Advertisements

Обвинителството, на почетокот изведе превод од српски на комуникација на првообвинетиот Јовановски и друго лице, од кој можеше да се види како тој нарачува и купува алишта и накит од Милано, како и договара барања за поврат на ДДВ за купената стока.

Бранителот на Јовановски, адвокатот Сашко Дуковаки реагираше дека преводот на предложениот доказ  требало да биде доставен заедно со доказот пред почетокот на рочиштето, а не потоа дополнително да биде прифатен од Судот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button