
Македонските граѓани од овој месец имаат за 30 проценти поевтин роаминг со земјите од ЕУ, потврди денеска министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу.
-Од 1 октомври веќе стапи во сила Договорот помеѓу операторите на ЕУ и операторите во Западен Балкан за намалување на цените на роаминг податоците во склоп на процесите во ЕУ.
Тоа значи дека нашите граѓани и бизнисот од РСМ кога ќе одат надвор веќе имаат 30 проценти помали трошоци за роаминг и обратно, значи граѓаните или бизнисите од ЕУ во РСМ ќе имаат 30 проценти намалени трошоци за роаминг, рече министерот Алиу кој одржа брифинг со медиумите.
Прашан конкретно што би значело тоа во однос на цените, Алиу рече дека тие се во надлежност на операторите.
– Конкретно, најверојатно операторите очекуваме овие денови да излезат со понуди, со пакети во коишто ќе ги имаат, ќе ги понудат (цените), бидејќи Договорот е помеѓу операторите на ЕУ и операторите на Западен Балкан, рече министерот Алиу.