ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Сончево со максимална температура до 31 степен

Времето денеска ќе биде сончево со умерена, а на места повремено со значителна облачност. Претежно во западните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, информираат од УХМР. Минималната температура ќе се движи во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 23 до 31 Целзиусов степен.

Advertisements

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност, која повремено ќе се зголемува. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 27 степени.

И во петок наместа ќе има значителна облачност, а претежно во западните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд. Во петок долж Повардарието, а во недела во поголем дел од земјава ќе дува засилен северен ветер. Дневната температура во следните денови ќе се задржи над просекот за овој период.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button