СПОРТ

Бајлс испиша историја, стана најтрофејна гимнастичарка

Американските гимнастичарики предводени од брилијантната Симон Бајлс го освоија златниот медал во екипна конкуренција на Светското првенство во Антверпен, Белгија. Американките со 167.729 поени победија пред Бразилките (165.530) и Французинките (164.064).

Advertisements

САД седми пат по ред победија во екипна конкуренција на планетарниот шампионат, а Бајлс испиша историја освојувајќи го 20. златен медал на светските првенства. На Олимписките игри и светските првенства таа вкупно има освоено 33 медали, со што стана најдобра на сите времиња.

Бајлс, пред десет години во Антверпен на 16. годишна возраст го освои својот прв медал на Светскиот куп во кариерата.

Со среброто воодушевија Бразилките кои во своите редови ја имаат актуелната светска шампионка во повеќебој Ребека Андрада. На помалку од десет месеци пред Олимписките игри, Французинките, кои ја освоија бронзата со 164.064 поени, ја направија гимнастиката уште попопуларна во својата татковина./Makfax/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button