Баба се исели од Жировница поради страв од мечките

Осумдесет и двегодишната жировничанка која се бранеше со светло на раката и тава за да ја исплаши мечката која ѝ дошла во близина денеска замина за Германија. Живеела сама во селото и решила да се исели кај синот во странство од страв повторно да не биде повторно нападната од мечки.
Салиу бара државата да најде брзо решение на оваа состојба бидејќи, како што вели, само околу Жировница има над 40 мечки.
Центарот за управување со кризи секојдневно добива поплаки од жителите на општината Маврово-Ростуше.
Една од мерките што беше разгледана и одобрена од Владата беше чистењето на сметот во и околу населените места во општината, но според жителите, тоа нема да ги спречи мечките повторно во потрага по храна да се спуштат во селата. Речиси секоја вечер им влегуваат во дворовите. Друг проблем е тоа што животните шетаат и наутро кога децата одат на училиште.