СПОРТФУДБАЛ

Два натпревари надвор од својот стадион и парична казна од 2.500 евра

Дисциплинската Kомисија на ФФМ го казни Башкими од Куманово со настап на два натпревари како домаќин надвор од својот стадион на одалеченост од најмалку 100 километри и плус парична казна од 2.500 евра, за инцидентот на дуелот против Каменица Саса во Втората македонска фудбалска лига.

Advertisements

По немилите случувања на дуелот од Втората лига кога навивачи на Башкими влегоа на терен, напаѓајќи ги и гостинските фудбалери на Каменица Саса, Дисциплинската комисија донесе конечна казна за кумановци откако претходно и Натпреварувачката комисија на ФФМ го суспендираше теренот во Куманово.

Башкими веќе следниот натпревар во Втората македонска фудбалска лига против Кожув во недела ќе мора да го игра на оддалеченост од најмалку 100 километри надвор од Куманово.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button