МАКЕДОНИЈА

Мечка усмртена во сообраќајна несреќа во Тетовско, нема повредени луѓе

Во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово-Јажинце, кај селото Доброште, синоќа околу 21 часот е усмртена мечка, информираат од СВР Тетово. Во сообраќајната несреќа нема повредени лица, а причинета е значителна материјална штета на возилото кое удрило во мечката.

Advertisements

„Вчеравечер, во 21:15 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Јажинце-Тетово, во тетовско Доброште, патничко моторно возило ’цитроен’ со скопски регистарски ознаки, управувано од 45-годишниот М.П. од Скопје, удрило во мечка и ја усмртило. Нема повредени во возилото, додека мечката е предадена на Националниот парк ’Шар Планина’. На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово“, вели за „360 степени“ портпаролот на тетовската полиција Марјан Јосифоски.

На истиот пат Тетово-Јажинце кај Доброште и на 14 јули годинава се случи сообраќајна несреќа во која беше прегазена и усмртена мечка. Тогаш во несреќата учествувале две патнички моторни возила, при што беа повредени двајцата возачи. Исто така мечката беше предадена на Национален парк „Шар Планина“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button