ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Струшките села се празнат, сѐ помалку иселеници доаѓаат и преку лето

Струшките села забрзано се празнат. Според некои податоци, бројот на жители во последните неколку години е намален за дури 50 проценти. Масовното иселување ги остава селските населби без луѓе. Модерни и новоизградени куќи на секој чекор, но со спуштени ролетни и катанци на вратите. Таква е сликата и во селото Радолишта. И во селското кафуле мал беше бројот на оние кои го пиеја утринското кафе.

Advertisements

„Тоа е тешка и незатворена рана, иселувањето е големо. Со сите тие што се надвор нашето село брои некаде 2.200 жители. Тука останаа само оние кои се во години од 50 и нагоре и некој кој е вработен, инаку сите други се надвор“, вели Вели Зиба-жител на Ливада.

Само во Америка има над 450 лица од Ливада. Многу повеќе има во Швајцарија и другите западни земји. Во селото во моментов живеат од 700 до 800 жители. И оние малку млади кои останале, планираат да си заминат.

„Да, планирам да си заминам. Многу малку млади сме останати тука во Ливада, а и во цела струшка околина останати се многу малку млади и за околу 3-4 месеци и јас ќе заминам, заради условите кои ни се нудат“, рече Бесфорт Положани, жител на Ливада.

Ако лани во основното училиште Аки Дика во струшко Ливада се запишале 18 првачиња, оваа година е само четири. За 20 години вкупниот број на ученици е намален за околу 400. Пред 20 години овде учеле околу 500 ученици, а денес тој број е нешто над 100.

„Бројот на ученици во една паралелка беше над 30, сега сме во ситуација кога една паралелка има 4-5, 6-7 ученици…“, вели Лири Зиба-наставник во Ливада.
Слично е и во другите села во струшко, како во селото Делогожда, едно од најголемите во овој крај.

„Моментално сите се заминати. Останаа само стари луѓе. Овде се носат закони да го пуштат овој, да го пуштат оној, да ги пуштат крадците, а ако украдеш пиперки ќе одиш во затвор, а ако крадеш во банка слободен си…“, рече Ида Жаку-жител на Делогожда.

Струшките села се полни со луѓе само две до три недели на лето, во месеците јули и август, кога печалбарите доаѓаат во родниот крај. Но и тогаш сè почесто поради проблемите со кои се соочуваат овие населени места, односно лошата инфраструктура или немањето вода на лето, многу од нив сè поретко се одлучуваат да дојдат, па куќите остануваат затворени.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button