ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нефункционирањето на новата училишна зграда предизвика револт кај жителите од Визбегово

Жителите од Визбегово се револтирани што не се отвора новиот училишен објект во нивната населба навреме и покрај ветувањата на Министерството за образование дека ќе почне да функционира овој месец.

Advertisements

„Нема струја, нема вода, нема патишта. Ова се првите три работи што недостасуваат. Водата е таму, само треба да се приклучи, кога дојдоа од Водовод рекоа дека треба да направат уште еден нов трансформатор“, вели Џеваир Рустеми, жител.

Жителите апелираат до надлежните институции новото училиште во Визбегово да не се користи за политички пазарења на централната и локалната власт.

„Штета што се случува овде, работата е завршена и не е пуштена, нема струја, нема вода, недостасуваат сите услови, не дека не сакаме… Јас сум убеден дека политичкиот проблем влезе овде, за политички цели, гласови или нешто друго . Апелирам до градоначалникот на општината да не ги земе предвид овие работи туку да го отвори училиштето што побрзо“, рече Неби Ибрахими, жител.

И покрај тоа што беше најавено за октомври, отворањето на новиот училишен објект во Визбегово се уште не се знае кога ќе се случи. Техничкиот преглед извршен на крајот на септември покажа одредени недостатоци. Како што изјави првиот човек на Бутел, Дарко Костовски, училишната зграда се уште не е приклучена на соодветната електрична и водоводна мрежа. Костовски додаде дека овие приклучоци се од суштинско значење за тестирање на работата на лифтот, системот за греење, клима уредите. Поради овие пропусти, Костовски рече дека не дал зелено светло за пуштање во употреба на објектот. Додека новото училиште не е пуштено во употреба, стотици ученици од Визбегово продолжуваат да учат во различни училишта во општина Чаир.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button