СПОРТФОРМУЛА - 1

Хамилтон, му се извини на тимот за лошата проценка

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, му се извини на тимот за лошата проценка, поради што во првиот свиок ја заврши трката за Големата награда на Катар. Хамилтон се повлече во првиот круг по инцидентот со тимскиот колега Џорџ Расел.

Advertisements

Хамилтон се обиде да го претекне својот помлад сонародник во првиот свиок од надворешната страна, имаше контакт со болидот на Расел и излета од патеката. Седумкратниот шампион ја заврши трката, додека Расел продолжи да вози и заврши на четвртото место, Ферстапен, Оскар Пјастри и Ландо Норис. Хамилтон првично се пожали дека бил „истуркан од колегата“, но по трката проговори и ја презеде вината.

„Неколку пати ја гледав снимката од инцидентот и заклучив дека вината е целосно моја. Ја преземам целосната одговорност и им се извинувам на тимот и Џорџ“, напиша Луис.

По трката, ФИА го казни Хамилтон парично со 25.000 долари. Британецот откако излезе од болидот мина преку патеката, што според правилата не е дозволено. Овогодинешниот шампионат во Формула 1 продолжува со Големата награда на САД во Остин на 22 октомври.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button