
Со одлука на Регуѕлаторната комисја за енергетика, од полноќ цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,50 денари.
Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 81,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,00 ден/литар.
Цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 3,00 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 83,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 82,00 ден/лит.