МАКЕДОНИЈА

Здруженијата на казина и обложувалници против Законот за коцкање

Здруженијата за регулирање на игрите на среќа и спортско обложување протестираа денеска пред Собранието за да го спречат донесувањето на предложениот Закон за игри на среќа. Според нив, Владата со ова законско решение отпушта најмалку 10.000 вработени и го оштетува државниот буџет за милиони евра на годишно ниво.

Advertisements

Според членовите на здружението, законското решение е подготвено без консултација со експерти, па тоа, како што велат, ќе влијае на растот на сивата економија во земјава.

Но, Владата не се откажува. Според првиот вицепремиер Артан Груби, законот ќе биде одобрен, а одредбите во него овозможуваат демонополизација на коцкањето. Покрај дислоцирањето на казината на 500 метри од образовните и верските институции, законските измени предвидуваат и поскапување на лиценците и формирање на нов синџир на здруженија кои ќе го контролираат и спроведуваат коцкањето од 51 до 49 отсто во корист на државата, поточно Државната лотарија на Македонија.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button