МАКЕДОНИЈА
Мицкоски: Вистинските бројки од анкетите се откриваат при соочувањето со народот на избори

Креирањето штапски анкети што ги лиферуваат некои медиуми блиски до власта е проблем на владејачките партии и го покажува нивниот страв и паника, а вистинските бројки се откриваат при соочувањето со народот на избори. Затоа ги повикувам што поскоро да се одржат избори, бидејќи од таа анкета нема бегање, порача денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од општина Ново Село.
-Јасни се мерењата на јавното мислење и ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од два пати поголема предност во однос на СДСМ што е историски најголема и досега не се случило опозициска партија да има толкава предност во однос на владејачка партија, рече Мицкоски.