ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Собранието ќе има нов Деловник за работа

Собранието ќе има нов Деловник за работа, бидејќи се очекува нацрт-текстот што влезе во собраниска процедура да добие поддршка од голем дел од пратениците, со оглед на тоа што е изготвен со консензус меѓу власта и опозицијата. Текстот на новата регулатива дефинира поограничени постапки за процесирање и усвојување на законите, ограничување на расправата во комисиите и расправата за амандманите за спречување на т.н. филибастеринг и повеќе предности за опозицијата на седницата за пратенички прашања.