Започна да се гради патот до викендичките на Попова Шапка

По бројните барања на сопствениците на викендичките во Попова Шапка за поправка на патот, проектот конечно започна. Покрај реновирањето на патот, градоначалникот на општина Тетово, Касами, најави и изградба на кружен тек во селото Лисец, проект кој ќе го олесни движењето во текот на зимата.
„Ги покануваме институциите на централната власт да покажат поголем интерес за овој туристички центар каде што имаме одделни надлежности, да ги завршиме и деловите што ги најавува и ги покрива Владата, бидејќи со скијачките терени управува компанијата ЕЛЕМ Турс“, рече Касами.
Дополнителен проблем на Попова Шапка е и немањето на паркинг и нелегалните градби. Директорот на општинскиот инспекторат најави засилени контроли.
„Колку што имаме проблем со некои несовесни граѓани, кои градат без дозвола, уште повеќе имаме проблеми со институциите предводени од Демократската унија за интеграција. Конкретниот случај е со јавното претпријатие за пасишта, кои издаваат дозвола за трла, а потоа граѓаните градат викендички“, рече Седи Сулејмани Раководител на Општинскиот инспекторат -Тетово.
На Попова Шапка проблем е и канализацијата.
Башким Сулејмани