Од задутре цигарите поскапуваат за оволку денари…

Од петок се очекува зголемување на цените на цигарите, пурите, тутунските производи и електронските цигари. Пакет цигари се очекува да поскапи за 5 денари. Од тоа државниот буџет ќе се полни со 13 милиони евра годишно. Од друга страна, граѓаните велат дека ако не се печалбарите, тешко им е да се справат со платите што ги добиваат тука.
„Што може да направат луѓето, станаа како овци во вода, на лаги сме веќе навикнати. Дали сте пушач? Да. Дали ова ќе влијае на вашиот џеб? Да, се разбира, но не е проблемот во пушењето, проблемот е во храната. Без тутун се живее. Овој народ не е свесен, да бевме свесни, би направиле нешто, чекаме некој што ќе ни нареди, дали е добро или лошо, ние го прифаќаме…“
„Цигарата е луксуз, тој што има можност ќе пуши, инаку може и без неа. Дали можеме да да излеземе на крај со нашиот буџет? Не, воопшто. Фала на Бога што имаме некого во странство и тие ни помагаат“, велат граѓаните.
Нашата земја е меѓу првите 10 земји во светот според процентот на население кое пуши и по вкупниот број испушени цигари дневно. Стапката на пушење во Македонија е 48,4%. Просечната цена за кутија цигари кај нас е 1,7 евра, додека во регионот на Југоисточна Европа е околу 2,1 евро. На европското ниво е 4,9 евра.
Авни Тахири