За разлика од луѓето, кучињата никогаш не ја повторуваат истата грешка


Алсат
18.06.2020 08:34
Сите оние кои чуваат куче се свесни дека станува збор за многу интуитивно животно кое лесно можат да ја препознае разликата во однесувањето и расположението. Неодамна истражувањето од страна на Neuroscience и Biobehavioural Reviews докажа дека кучињата се способни и да препознаат лоша личност, односно кога некој лошо се однесува спрема другите луѓе посебно, спрема неговиот сопственик.
До овој заклучок тие стигнале кога од сопствениците на кучињата се барало да одглумат различни сценарија.
Волонтерите се преправале дека не можат да отворат конзерва, а потоа побарале помош од двајцата истражувачи. Едниот истражувач тажно ја надгледувал целата ситуација, додека другиот се понудил за помош.
Во второто сценарио едниот истражувач пасивно ја надгледувал целата ситуација и како волонтерите се мачеле да ја отворат конзервата, додека другиот активно одбивал да им помогне.
По одглумувањето на двете сценарија, истражувачите им понудиле колач на кучињата.
Кучињата го зеле колачот од истражувачите од првото сценарио, а ги игнорирале оние истражувачи кои учествувале во второто сценарио и кои не им помогнале на нивните сопственици.
Така истражувачите заклучиле дека кучињата се способни да препознаат кога некој лошо се однесува спрема нивните сопственици, па тие се прилагодуваат на таа ситуација. Од друга страна пак, сопствениците ја игнорираат својата интуиција и постојано им даваат шанса на луѓе кои на крајот ќе ги повредат.
Сега слободно може да се потпрете на интуицијата на вашето куче доколку не и верувате на вашата.